Ништо добро не може да му се случи на сиромав човек, така си мислев

tri sestri[fblike]

Не им кажував на моите деца што работев. Не сакав да чувствуваат срам заради мене. Кога најмладата ќерка ме праша што работам, неволно и кажав дека сум работник. Пред да се вратам дома од работа се туширав во јавни тоалети, за да не приметат.
Сакав да ги испратам ќерките на училиште, да се едуцираат. Сакав да стојат исправени пред другите. Не сакав никој да ги потценува како што луѓето ме потценуваа мене. Секогаш бев понижуван. Секоја паричка ја вложував во образованието на моите ќерки. Не си купив маица никогаш, парите ги трошев за учебници за нив. Само сакав да стекнат почит кон мене. Бев чистач.
На денот пред да ја примат мојата ќерка на факултет, не можев да соберам доволно пари за школарината. Не можев да работам тој ден. Седев покрај ѓубрето и се обидував да ги сокријам солзите. Моите соработници ме гледаа, но никој не дојде да ми прозбори. Јас бев скршен и не знаев како ќе одам дома и ќе се соочам со ќерка ми. Јас сум роден сиромав. Ништо добро не може да му се случи на сиромав човек, така си мислев.
Моите соработници седнаа околу мене и ме прашаа дали ги прифаќам како браќа. И пред да одговорам, ми ја дадоа нивната дневна заработувачка. Се обидов да одбијам, но ми рекоа дека ако треба и ќе гладуваат еден ден ама ќерка ми мора да оди на факултет. Не можев да одговорам. Тој ден си отидов дома без да се пресоблекувам, како чистач.
Ќерка ми набргу ќе го заврши факултетот. Тие веќе не ми дозволуваат да работам. Едната ќерка веќе работи, а сите три добиваат стипендија. Често се враќам на моето работно место. Ќерка ми им купува ручек на моите соработници. Смеејќи се им вели дека тие не јадеа еден ден за нејзе, а сега нека се помолат за да може да ги храни секој ден.
Сега не мислам дека сум сиромав. Кој има вакви деца – не може да е сиромав.
– Идриз

595x90

Посетено 3.578 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!