Зошто носиме фејк гардероба?

Постојат милион начини да го изградиме својот стил, ненормално голем пазар и бесконечни можни избори (со обѕир на количината  достапноста на облеката и обувките со кои сме секојдневно опркужени), па зошто тогаш бираме фејк?

Првиот одговор е сосема сигурно дека нешто носиме бидејќи ни се допаѓа иако е 100% фејк, не обраќајќи внимане на тоа и не ни е грижа дали ќе обрнуваат другите луѓе на исто. Другиот одговор би бил дека толку сакаме да бидеме кул што ќе се потрудиме да ја најдеме најдобрата моќна копија, затоа што имаме 200 евра, а не 2000 евра за патики (но, кој по ѓаволите би дал дури и 200 евра за фејк патики). Третиот одговор е дека можеби сме измамени и затоа сме сопственици на копијата.

Се занимававме со интресниот феномен „фејк облека“ и дојдовме до Јутуб видеата на младиот Квентин Карузо, познат како Трипинг, каде говото дека на својот прв час по мода пред целиот клас признал дека неговите кул Travis Scott Jordan 1 Lows патики се всушнос, фејк и дека не му е гајле, а остатокот од неговото одделение го подделило неговото мислење. Карузо е само еден од многуте членови од оваа растечка заедница која сака да изгледа во склад со последната мода, но секако и во склад со личниот буџет.

Истражувајќи го овој феномен, дојдовме и до FashionReps на Reddit форумот каде членовите дискутираат за последните модни случувања, разменуваат совети каде можат да се купат најдобри фејк Yeezy патики или некое Off-white парче. На овој форум тие ја искажуваат својата љубов и одобрувањето реплики, но и дебатираат и за најмалите грешки кај репликите.

Разбирливо е дека многу од овие луѓе немаат пари за оригинали, но некои се изјаснуваат дека им е лудост да даваат огромни пари за еден дизајнерски производ, кога на различни веб локации можат да купат четири висококвалтетни фејк парчиња.

Многу припадници на овие заеднци дури тврдат дека репликите можат да бидат многу поквалитетни од оригиналот и дека познаваат луѓе кои прават квалитетни фејк Louis Vuitton или Balenciaga.

Наспроти луѓето на кои фејкот им е сосема океј, ги имаме и оние кои борбено се трудат оваа грда модна навика сосема да се искорени. Еден од нив е и YeezyBoost, кој се бави со разоткривање на Yeezy патики. Неговите „жртви“ се обични луѓе, но и ѕвезди, меѓу кои е и познататиот Зек Ефрон, како и многу други. Тој потполно јавно ги разоткрива фејковите, поради што дополнително се доведувал во чести непријатни ситуации, што е причината зошто неговиот идентитет е непознат и лицето му е сокриено. Група студенти во една прилика јавно протестираа против неговиот јавен прогон на луѓето кои носат фејк, со објаснување дека тоа не е ни малку смешно и дека тоа е нешто кое не треба да го осудувате, особено не јавно.

Прашањето е дали навистина треба до толку да ги обвинувате луѓето кои носат фејк?

Приказната за носењето фејк работи е многу подлабоко отколку што изгледа. YeezyBoost објаснува дека компанииите кои се занимаваат со вакво нелегално производство, огромна количина пари инвестираат и во други нелагални работи како што е трговијата со дрога и оружје, а често децата се оние кои произведуваат такви предмети. Со купувањето фејк работи ѝ помагаме на оваа нелегална индустрија. Понатаму објаснува дека тој нема за цел некого да понижи, ниту луѓето да се чувствуваат лошо поради она што го носат, туку да помогне пазарот да не биде измамен од страна на нелегалните компании, затоа што случаите со таквиот вид на измами се сѐ почести и во примерите со обичните луѓе, но и со познатите личности.

И покрај високите цени кај голем број брендови, се сложуваме да дадеме поддршка на единствената креатвност кај секој од нив, индивидуалноста и бираме да веруваме во квалитетот на таквата маркирана роба. Дали ќе ја носиме или дали сме во можност – тоа е веќе сосема друга работа.

Фото: instagram.com
Извор: wannabemagazine.com

Посетено 933 пати