Вибраторот на мајка и’

lift-naslovna_majkatiitatkoti

„леле ќе те убијам“
„зошто ма?“
„не смеам да им се појавам пред очи на комшииве“
„зошто не ми е јасно?“
„со кој памет ми се дереше под балкон во 4 сабајле?“
„како прво не се дерев, таква беше песната
како второ не знаев кај ми беше мобилниот
иначе ќе ти звонев“
„мораш малце да се уозбилиш,сериозна сум
иначе ништо од нашава врска“
„е што ми фали,баш сум озбилен“
„озбилен викаш ?!.. а озбилен беше кога
стави фотеља и масичка во лифт,
направи фалс имотен лист и на сите им
викаше дека си го купил лифтот
и кој сака да се вози нека си плати“
„е добро ма, се зезав“
„а со колата ?.. и тоа беше заезанција“
„што со колата?“
„кога ја пријави за украдена затоа што беше
ќор пијан и не знаеше кај си паркирал
и те мрзеше да ја бараш?“
„и што?..цајканите ја најдоа за 3 дена,
јас ќе ја барав 2 месеци“
„а тек тоа со мајка ми !!!!.. ме полуде тогаш“
„ а тоа не го спомињај..сама си го бараше“
„да сигурно.. гарант ти рекла „ај Зоки купи ми
вибратор за 8-ми март, многу сум осамена““
„па не баш со тие зборови ама ми кажа дека е осамена
откако починал татко ти“
„оф мори мајко со каков кретен идам“
„ја кретен .. а ти ?“
„одма и го здипли вибраторот на мајка ти,
2 месеци не сум те видел демек учиш
а ништо не си положила и облекиве
сама да не ги шиеш случајно?“
„што врска имаат облекиве?“
„па знам дека Стево ти е швалер и он ти ги купува“
„молам????“
„да, да…сестра му ми кажа … со неа се мувам додека ти „учиш“
ете така да си знаеш.. фит-фит сме сега“
„добро Зоки, џабе се караме, сакаше да идеме кај тебе?“
„не подобро кај тебе, да видам што финти знаеш
со вибраторот на мајка ти“
„ај“ – се насмевна и ме гушна
…………………………………………………………
лифтот пак не работи, у п.м. више,
сериозно треба да се приватизира
П.С. не е баш се’ автобиографски, не сум до толку

Посетено 3.328 пати