Верувам дека секој има некоја Неда во своето опкружување. Извини, Недо – Стефан Симиќ

„Луѓето престанаа да ми се јавуваат додека бев во болница за да не би ме вознемирувале. Кога дојдов од болница, тие и понатака не ми се јавуваа, требаше да свртам огромен број на телефони и на сите да им кажам – „Вие не ме вознемирувате, вие сте ми потребни“, а јас свртев неколку броеви и ја слушнав истата приказна: „Твојот телефон беше исклучен, не можевме да те добиеме“.

Секако дека не можеа, затоа што бев два и пол месеци во болница, а таму за среќа, телефонот е забранет.

Еве сега сум овде, желна да се вратам во животот на театар, на филм и на телевизија. Знам дека имам што да пружам.“ – Неда Арнериќ, актерка.

Она што ме погоди повеќе од самата смрт на Неда е оваа нејзина изјава по излегувањето од болница, овој лелек и крик да ѝ се помогне.


Се чувствувам поразен како човек, човечко суштество…

Кога и како сме дозволиле да бидеме глуви, слепи и неми за луѓето околу нас?

Верувам дека секој има некоја Неда во своето опкружување, осамена, немоќна да се избори со животот и депресијата поради која веќе два пати била на ивица на животот за кратко време.

Но не мораше вака да заврши, не!

Извини, Недо!

Стефан Симиќ, писател

Посетено 6.747 пати