Светски познатата ѕвезда Том Хенкс стана почесен граѓанин на Грција! (ВИДЕО)

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, денеска потпиша декрет за почесна натурализација на американскиот актер Том Хенкс

Познатиот холивудски фраер е оженет за Рита Вилсон, која има грчко потекло од страна на нејзината мајка Доротеа.

Хенкс е одамна познат по својата долготрајна љубов кон грчкиот народ, и тој и неговото семејство ги поминале повеќето одмори на грчките острови, а особено се видени на малиот остров Андипарос, каде што имаат и вила.

Американската филмска ѕвезда и икона е исто така познат по својата вера во грчката православна црква уште многу одамна, поточно откако се приклучи на црквата кога се ожени за неговата сопруга во 1988.

Посетено 175 пати