Подобро лежење отколку предолгото седење

[fblike]

Студиите покажале дека луѓето кои во просек гледале најмногу ТВ во текот од 8,5 години имале 61% поголем ризик од прерана смрт

sto-mu-pravi-predolgoto-sedenje-na-vaseto-telo_1

[dropcap]Д[/dropcap]енес живееме во свет каде современите машини и иновативните технички помагала извршуваат поголем дел од нашата работа за нас, а со тоа во голема мера ја елиминираат потребата од физичка работа. И ако притоа знаеме дека скоро 1/5 од работниците во светски рамки имаат канцелариска работа која ги принудува луѓето да седат осум или повеќе часа на ден.

Според еден извештај објавен во Annals of Internal Medicine, просечен човек троши повеќе од половина од времето кога е буден во неактивна состојба (седење пред компјутер, гледање телевизија, патување до и од работа и сл.)

Иако технологијата носи очигледни предности, како што се правење повеќе работи за помалку време, зачувување на повеќе ресурси, поврзување со други луѓе брзо и едноставно, таа има и многу недостатоци.

Седењето на подолги период на време може да предизвика проблеми како хронична болка во грбот, лошо држење на телото, па дури и потенцијално смртоносни болести како дијабетес, срцеви заболувања и преголема дебелина.

Ако поминувате многу време во седење при извршување на вашите работни обврски, погледнете како тоа може негативно да влијае на вашето здравје:

[button color=”#000″ background=”#9bc832″ size=”large” src=”http://pharmanews.mk/sto-mu-pravi-predolgoto-sedenje-na-vaseto-telo/”]Што сè предизвикува долгото седење[/button]

 

mondivi crn

Посетено 370 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.