Си разговарале Љубовта и Кариерата…

Љубовта и кариерата…

Еден ден, после многу години, седнати една спроти друга во аголот на душата си разговарале Љубовта и кариерата…

Ех драга моја, веќе остаревме… Не носеше животот низ секакви бури.. Сега веќе и нозете не одат – зборуваше тивко кариерата…
-До душа, сеуште мислите понекогаш ќе ми заталкаат, ама пустиве нозе не можат да стигнат…
-А колку бев убава кога бев млада – продолжи да зборува кариерата… Сите се восхитуваа на мене.. Трчав, создавав, напредував и бев наградувана – сеуште горделива, зборуваше со надменост.. За мене се зборуваше во сите социјални сфери и општествени кругови – звучеше повторно горделиво…
-За тебе, ништо …Моја драга пријателке… Толку многу те зборуваа, ама никој не те награди – … Љубов ?… Е , што било тоа – изусти на крајот..

Љубовта молчеше и ја слушаше. Многупати кариерата знаеше да ја навреди и да зборува за своите успеси…
– Размислуваше и овој пат реши да и одговори…
– Душо моја, да не бев јас во тебе, ти никаде немаше да стигнеш… Со толку посветеност и истрајност одеше низ животот, што јас едноставно, морав да те пуштам по тој пат… Единствено жалам, што не те сопнав, да му паднеш во прегратка на момчето кое го сретна случајно во трговскиот тој ден… Вие бевте родени еден за друг, но јас се плашев дека ќе го оставиш, бидејќи беше горделива и упорна во својата цел…
– Сега можеби ќе седевте двајцата заедно, овде пред мене и ќе се смеевте весело како мали деца.. Кариерата се подзамисли.. Се сети на тој момент.. На тој миг, кога го здогледа младиот човек.. Висок, згоден, со сериозен израз на лицето… Некаде брзаше, но таа успеа да му го одвлече вниманието… Дури и се заврте по неа… Две светли солзи се стркалаа по лицето… Знаеше дека Љубовта ја зборува вистината…
-А таа… Таа, кариерата, само си го продолжи патот…

Оливера Ширговска

Посетено 204 пати