Селфи со заљубениот „терорист“

Capture
26-годишен Британец успеа да се слика со „терористот“ што киднапираше авион од Египет само за да си ја види поранешната жена. Го нарекува „најдоброто селфи некогаш направено“.
Бен Ајнс постираше фотка од себеси на и Сеиф Елдин Мустафа кој носел „самоубиствен појас“ (подоцна се покажа дека е лажен) со пораката: „You know your boy doesn’t f*** about. Turn on the news lad!!!“
„Едноставно престанав да се грижам и се обидов да останам весел во тешки времиња. Помислив дека ако бомбата е вистинска, нема да изгубам ништо во секој случај, па ризикував и дојдов да ја видам одблизу“, изјавил Ајнс.
„Замолив еден од членовите на екипажот да преведува за мене и го замолив да направам селфи со него. Се согласи, па застанав до него и се насмевнав додека стјуардесата не сликаше. Ова мора е да е најдоброто селфи некогаш направено“.
Мустафа го киднапирал авионот, кој инаку бил внатрешен лет од Каиро до Александрија и го присилил пилотот да лета до Кипар.
Додека бил на авионот направил неколку барања како ослободување на политички затвореници, да ја види неговата поранешна жена, да види официјално лице од ЕУ и да биде однесен до друг аеродром.
На крај се предал.
Посетено 1.333 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!