Сцената од „Пси­хо“ нај­поз­на­та во исто­ри­ја­та на ки­не­ма­то­гра­фи­ја­та

[fblike]psycho
На ту­ку­што за­вр­ше­но­то 39. из­да­ние на филм­ски­от фе­сти­вал на не­за­ви­сен филм „Сан­денс“, во про­гра­ма­та на до­ку­мен­та­рен филм, го­ле­мо вни­ма­ние прив­ле­че ос­тва­ру­ва­ње­то „78/52“ на Але­ксан­дар О. Фи­лип, по­све­те­но на поз­на­та­та сце­на под туш во фил­мот „Пси­хо“ на Ал­фред Хич­кок. Убис­тво­то под туш во „Пси­хо“ се сме­та за ед­на од нај­поз­на­ти­те сце­ни во исто­ри­ја­та на ки­не­ма­то­гра­фи­ја­та, ка­ко од очиг­лед­ни при­чи­ни, та­ка и од при­чи­ни што сѐ уште не се поз­на­ти.
– Мис­лам де­ка не би мо­жел да сни­мам филм од 90 ми­ну­ти за ко­ја би­ло дру­га сце­на. Таа е при­мер за ап­со­лут­но ре­мек-де­ло што мо­же бе­скрај­но да се про­у­чу­ва и истра­жу­ва, и без раз­ли­ка кол­ку па­ти да се прег­ле­да, се­ко­гаш се учи не­што но­во. На фил­мот ра­бо­тев три го­ди­ни и се­пак сме­там де­ка има уште за откри­ва­ње – ве­ли Але­ксан­дар О. Фи­лип.
Ре­жи­се­рот приз­на­ва де­ка за сѐ е ви­нов­но Хич­ко­ко­во­то из­во­нред­но мај­сторс­тво во филм­ски­от ме­ди­ум, ка­ко и фо­ку­сот на де­та­ли­те.
– До­кол­ку се до­да­дат и не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци, Бер­нард Хер­ман ка­ко ком­по­зи­тор, Џорџ То­ма­зи­ни ка­ко мон­та­жер и Џе­нет Ли ка­ко глу­ми­ца, се до­би­ва ед­на „со­вр­ше­на ге­ни­јал­на бу­ра“ – истак­ну­ва Фи­лип.
Вед­наш по пре­ми­е­ра­та во 1960 го­ди­на, фил­мот на Хич­кок ги воз­не­ми­ри гле­да­чи­те со не­на­деј­на­та смрт на актер­ка­та во глав­на­та уло­га, Џе­нет Ли, на по­ло­ви­на филм. Ди­ску­си­и­те за „Пси­хо“ сѐ уште по­сто­јат и чуд­но е што беа по­треб­ни 57 го­ди­ни за да се сни­ми филм за тоа.

skechers-text

Посетено 357 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!