Самата-послуга

Знаете ли дека пред некој ден, во самата близина на центарот на Скопје налетав на самата послуга.
Онаква, старска, како на времето на “Славија”, “Земпромет”, “Центро”, славните и непрежалени претходници на уштогљените, модерните, мермерисани и компјутеризирани “Тинекс”, “Веро” и “Скопски Пазар” (во кои, ако сте приметиле на каса, 80% од бар-кодовите на артиклите не се очитаваат, па теткиве и цициве, ручно ги бараат по тоа компјуктерите).
Значи, нејзиното величество, самата-послуга, какви што имаше еден куп по земјава пред да дојде времето на национализмот и осамостојувањата (од кого, уште не се знае).
Со иста влезно-излезна дрвена врата која крцка и шкрипи под обавезно, иначе нема да има шмек.
Со ист мирис при самото влегување внатре, оној на полумемла, на полуреновирани сталажи, на месарската и хартијата за леб (онаа дебелката, на која, на времето, неколку скопски месари направија страобални кариери).
Се сеќавате на старите месари во овие “обекти”?
Обично бабачковци и брковци, со кецелите и рацете у крв до колена, а кога ќе ви ја пишуваа цената, најчесто тоа го правеа со три прста, и тоа со молив изострен со касапски нож.
Лебот и натаму си стоеше во полните со трошки сталажи, беше напишано “леп”, “плехче”, “ролован”, кифлите, пиците и буреците се редеа еден ред пред нив, а приметив еден чича кој ги испипка скоро сите пецива пред значајно да одбере еден и достоинствено да се упати кон касата.
Се потсетив на времињата кога пред ваквите самопослуги одважно седеа на гајби или чучеа, старите маалски алкоси, да не речам љубители на пивцата од гајба.
Во летно време, зачешлани со чешел од задњиот џеб, со панталони тергал, шиени под струк (за подобро да паѓале) за да се гледа малку газето кога чучат, на нозете најчесто со влечкици, оние гумените од војска што можат да се носат и на чарапа-геврек-подвиткана, горе со бели маици -атлетки и- пичат пивца строго од флаша (пред тоа, ради хигиена малку отфрлаат, па прават вакум звук со показалецот за означување на стартот), со мезе од мортадела на хартија, а за празници и со троа коцки кашкавал, кавурма или сланина. (Дугачко, а?) Јебем ли га
А, децава им беа гласници на омилените им сопруги, кои никако да дочекаат главите на фамилиите да се вратат од пазар, а камо ли од пред “послуга”.
– Мали, оди земи едно ќило раќија, само пази да не те заебат да ти дадат пол-ќило, е една од омилените тафталиџански анегдоти, изречена од неповторливиот Џеџи, кој не е повеќе меѓу нас, кажана баш за првомајските празници некаде пред 20 години.
А, оваа исто е одлична:
Во близината на таа продавничка “Братство” (Наде и Крсте ја водеа) живееше една прекрасна Азијатка, мажена со наш лепотан.
И, типовите самопослугари, голубари… ја меркаат, ја ѕиркаат, ја скенираат и си прават филмови дека некој нивни другар од комшилуков “ја ѕенѕал” НА неа.
– Шо? Ако Шакле ја ибал на Кинеската, јас ќе го ебам на Бобо! беше завршниот, легендарен коментар на најголемиот Неверен Тома и главниот буцкач у маалото, Џеџи.
И, така.
Откако во Скопје успеаја да срушат и да “освежат” све што малку потсетува на минатото-кафаните: Идадија, Тениско, Езерце, па бифето во Драмски, па Камениот мост, Плоштадот, па детските играња на фудбал пред зграда, џамлии, жмурки, ластик, народна, пипни стој, долга магарица, јанино-јанино, Б-зззззззззззззззззззззз, полека, но сигурно се рушат и последните оставштини на грозниот комунизам, олицетворени во самите послуги и нивните неповторливи шефови.
Само чекам кога ќе и писнат и на Ристиќева палата, да ја срушат, па да направат уште постара и поубава.
Ми е жал, јеби га.

Посетено 1.118 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!