Првата шепарада на крзнените пријатели – ШеPAWлогија!

Здраво, дечки!

Во недела ќе се одржи „Шепологија“, целодневен настан кој ќе започне пред Собранието во 13 часот со парадирање, па до Градскиот парк каде ќе се одржат повеќе активности. Пред Школка ќе има музичка забава за која ќе се погрижат DJ Charley, Minstrel’s Gallery, BandiX, South Park и DJ Set C2 Brothers.

„Во време кога светот брза и немаме време за емпатија, решивме да застанеме на барем еден ден и да ја покажеме убавата страна на имањето животно покрај себе“, велат организаторите.

„Да покажеме дека животните, природата и секако ние луѓето сме дел од еден комплексен екосистем во кој е неопходно да се грижиме еден за друг“, апелираат тие.

Изненадени од позитивниот исход на овие прекрасни личности, не можевме да си одолееме на љубопитноста да ги запрашаме како всушност, почна нивната приказна…:

„Шепасти беше само профил предводен од една девојка дур две други девојки одеа секоја сабота во Вардариште и така испадна да почнеме ние три да спасуваме заедно од таму кучиња. Тоа траеше некои 6 месеци после тоа побаравме појачање, т.е. се појавија уште 3 од кои една девојка и двајца дечки кои се споија заедно и го офромија Здружението за заштита на животни и животна средина, ШЕПАСТИ ЕНТУЗИЈАСТИ, Скопје.

Нашата организација моментално има број од 40 шепасти спасени миленичиња.“

Ги запрашавме и за моментот кој никогаш нема да го заборават:

„Момент кој никогаш нема да го заборавиме е оваа идеја за Шепологија, како произлезе и како од ништо решивме да направиме нешто. 
Се започна со тоа што сакаваме да направиме нешто поинакво, нешто што не е протест, а е позитивно, нешто што ќе покажеме дека сите сме на иста страна, да покажеме дека животните, природата и секако ние луѓето сме дел од еден комплексен екосистем во кој е неопходно да се грижиме еден за друг.”
Скромно и несебично ги поделија дел од многубројните спасени животни. Нивната неверојатна трансформација ќе ве доведе до солзи, што од гадоста на човекот па се’ до несебичната љубов која исто така доаѓа од човечко битие.
Слики кои ќе ве натераат да помислите дали е можно некој да може да нанесе толку зло колку што може еден човек може љубов да пренесе на едно животно…
Галерија на дел од трансформациите:

Се гледаме таму, друштво!

За крај, запомнете: „Вдоми – помогни! Не игнорирај – донирај!“

Посетено 616 пати