Приказна за една загрижена мајка која побарала абортус!

Една загрижена мајка отишла кај својот гинеколог и рекла: „Докторе, имам сериозен проблем и очајно ми треба Вашата помош! Моето бебе нема ниту една година, а јас сум повторно бремена. Не сакам толку брзо бебе.“

Па, докторот рекол: „Добро,што сакаш да сторам?“

Таа рекла: „Сакам да ја прекинеш мојата бременост и сметам на твојата помош за ова.“

Докторот размислил малку и по кратко време ѝ рекол на жената: „Мислам дека имам подобро решение за Вашиот проблем. Тоа е понеопасно за обајцата.“

Таа се насмевнала, размислувајќи дека докторот ќе го прифати нејзиното барање.

Тогаш тој продолжил: „Знаеш, бидејќи не сакаш да гледаш две бебиња одеднаш, ајде да го убиеме она што ти е во рацете. На тој начин, можеш да се одмориш малку пред ова другото да се роди. Ако убиваме едно од нив, не е важно кое. Нема ризик за твоето тело ако го одбереме тоа што е во твоите раце.“

Жената била престрашена и рече: „Не докторе! Колку ужасно! Криминално е да се убива дете!“

„Се согласувам“, одговори докторот. „Но, тебе тоа ти изгледаше во ред, па си помислив дека можеби тоа ќе биде најдобро решемие.“

Докторот се насмевна, сфаќајќи дека таа ја разбра поентата.

Љубовта вели: „Се жртвувам себе си за доброто на друга личност.“
Абортусот вели: „Го жртвувам доброто на другиот за моето добро.“

Непознат автор

Посетено 425 пати