Сите лажеме, сите не излажале. Некогаш лажеш за некои, некогаш некои лажат и за тебе

Се раѓаш.
Те лажат дека лажицата со која те ранат е авион.
Растеш.
Те лажат дека Дедо Мраз постои.
Те лажат да не чепкаш работи оти “апото” ќе те исплаши.
Растеш.
Те лажат дека од кафето ќе ти никне опашка.
Те лажат дека штркот ги носи децата.
Растеш.
Те лажат наставниците дека немаат омилен ученик и дека сите сте исти во класот.
Те лажат продавачките дека немаат кусур.
Растеш.
Те лажат политичарите.
Те лажат медиумите.
Растеш.
Те лажат дека оценките се битни, а не знаењето.
Те лажат дека има иднина и работа за сите.
Растеш.
Те лажат другари.
Те лажат женски.
Те лажат колеги.
Те лажат дека има правда.
Те лажат дека најбитното нешто е довербата.

Не растеш, старееш изграден во свет на лаги.

Цел живот е изграден на лага, некоја поголема некоја помала. Сите лажеме, сите не излажале. Некогаш лажеш за некои, некогаш некои лажат и за тебе.

Кога ќе бидеме искрени ?!

Мартин Рисафов

Посетено 1.217 пати

Attack on Titan Season 3 (Dub) (https://animeheaven.pro/m/znKb) Episode 12 at website https://animeheaven.pro animeheaven hunter x hunter

My Hero Academia 2 (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/6J7V) Episode 25 at website https://kissanimeonline.com kissanime down