Лозано во „Еден на Еден“ откри дека го ограбиле (ВИДЕО)

Расположен и опуштен како никогаш порано на ТВ гостување, Лозано дојде на снимањето на Еден на Еден со Жаре. Во недела, во 18.30 на Канал 5 ќе го гледаме нашиот најпопуларен пејач во едно поинакво издание.

Ексклузивно за Еден на Еден, Лозано раскажа и една непријатна случка, како го ограбиле додека бил на настап и без колку вредни работи останал. Малерот, Жаре успеа да му го разбие со еден магионичарски трик. Лозано уживаше и во интересен квиз што му го подготви екипата на Еден на Еден, а публиката во студиото најмногу во делот кога запеа.

Како музички гости, во оваа емисија ќе ги видиме и „Љубојна“ кои ќе го најават својот концерт и уште еден интересен гостин. Најавата ќе ви открие малку повеќе, а останатото ќе го дознаете во недела, на Канал 5 од 18.30.

Најавата за новата епизода може да ја погледнете овде:

Посетено 249 пати