„Претседателе Пендаровски, гледајте Преспав на МРТ1 од 18ти декември!“, му порачаа актерите од серијата

Го поздравуваме говорот на претседателот Stevo Pendarovski и посакуваме посестрана соработка со нашиот сосед Бугарија, на политичко, економско и културно ниво.

Но, на претседателскиот став дека “нашите млади не знаат ниту еден бугарски актер“ упатуваме мала забелешка.

Нашите млади, па и возрасни многу добро ја познаваат бугарската актерка Јана Маринова Yana Marinova | Яна Маринова, поранешната газдарица на Преспав, Преслава, ја следат нејзината кариера на социјалните мрежи и едвај чекаат да се прикажува нејзиниот најнов филм во Македонија.

Почитуван претседател Стево Пендаровски, Ве покануваме на премиерата на новиот филм на Јана Маринова “Диви и среќни “ во Cineplexx MK во Скопје, каде таа е продуцент и главна улога.

Бидејќи сме на иста мисија со претседателот Пендаровски, и работиме на добрососедските односи, во Преспав минатата сезона во главните улоги имавме бугарска актерка, а годинава и неколку најпознати српски актери ќе имаат епизодни улоги во Преспав.

А по 3 успешно реализирани сезони и заслужено стекната мега – популарност пред македонската публика, Преспав ќе се прикажува и на бугарска национална телевизија. Правата за емитување во Бугарија ги откупи btv media Group, а ТВ серијата ќе ја збогати програмата на каналот bTV Comedy.

Се согласуваме дека ТВ сериите со мултинационален каст се добра основа за регионална кохезија.

Претседателе Пендаровски, гледајте Преспав на МРТ1 од 18ти декември!

Яна Маринова: В Македония отидох по покана на македонските продуценти на сериала “Преспав”, рече Јана во едно интервју. Видете го ОВДЕ

Посетено 6.446 пати