Пред една година, не’ напушти еден од најубавите и најнежни цветови, Билјана Беличанец
На денешен ден пред една година домашната јавност се потресе од веста за смртта на Билјана Беличанец.
Беличанец беше актерка во Драмскиот театар Скопје и поранешна градоначалничка на Кисела Вода и мајка на две деца.
Колегите, глумци ја испратија Билјана со емотивни пораки во кои доминираат делата која таа ги остава зад себе и пораката дека тие ќе останат да сведочат за големината која таа ја носеше во себе. Колегите од политичката фела беа едногласни дека нејзината посветеност за граѓаните на Кисела Вода ќе се памети долго. Енергијата со која таа пристапуваше и ги работеше проектите беше посебна и ќе недостига на многумина. Во последните години беше повлечена од јавниот живот и ретко се појавуваше во јавноста. Гледачите ја паметат по надсинхронизациите на турските серии, многу популарниот лик Хурем Султан. Таа во последно време не добиваше улоги во својот матичен, Драмски театар.
Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје.
извор: Убавина и здравје