Поздрав за одлуката да нема карневали, гласот на малиот исплашен човек има вредност, оти тоа е нашиот глас

Тоа што се одложија карневалите во Струмица и Прилеп е супер, затоа што така се реагира во нормална заедница. Здравјето пред профитот. Тоа што некои луѓе кои биле во Италија или Грција сами се пријавуваат да се проверат дали се носители на вирусот е исто така здраворазумен начин на однесување.

Следно – да фати мајата е да не се одржуваат ни планираните политички митинзи, маршови, протести, а парите наменети за истите да се пренасочат кон дирекно и конкретно подобрување на нечии социјално загрозени животи/семејства. Тоа би било „на прав пат“ во здраво општество.

Инаку, скраја да е, короната до тогаш да ја заборавиме, тоа веројатно сите го посакуваме. За пристапот ми е повеќе, за односот и за тоа дека е крајно време да се применат некои нови модели на партиско анимирање/информирање/мотивирање на гласачкото тело да излезе да гласа, малку е банално да се третираат уште како „луѓе-овци, во автобуси, со сендвичи“.

Само така некои одлуки не би се гледале селективно, ниту би се третирало сето ова како навредена на човечката интелигенција…

Поздрав за одлуката да нема карневали, гласот на малиот исплашен човек има вредност, оти тоа е нашиот глас, а политичарите ја имаат задачата да го слушнат секој граѓански повик!

Фејсбук статус: Митко Гогов

Посетено 1.458 пати