Постојат такви кои само имитираат опасност, а всушност, се баш безопасни…
Далеку во шумата имало некоја стара трошна куќичка. Во неа живеела една старица. Живеела сама, која навикнала на таквиот живот и не сакала да се пресели со децата во град.
Еден ден кај старицата дошол нејзиниот најстар внук. Со себе ја повел и својата идна сопатничка. Причината за посетата била баба му да ја запознае и да си го каже своето мислење, кое тој многу го ценел.
Кога срдечно ги примила, почнала да гледа во девојката. Таа била слаба, убава, вистинска кукла од излог. Со полно шминка и светкав накит на себе. Имала на себе одело кое повеќе откривало отколку што сокривало.
Штом влегле во куќата почнала со понижување да ја набљудува скромната куќа на старицата. Тоа на бабата воопшто не ѝ се допаднало. Кога се извиниле, решиле да се вратат назад во градот.
Бабата како и секоја друга баба отишла да им спакува доста работи кои секоја селска куќа ги има за да им испрати на своите деца. Внукот отишол по неа со изговор дека сака да ѝ помогне, како би го слушнал нејзиното мислење. Па, целиот горделив ја прашал баба си што мисли.
„Знаеш сине, јас сум стара и можеби глупава за тие работи, но знам дека овде во шумата сите животни се мали и слаби, имаат често јарки бои на себе. Тие се отровни и многу поопасни за луѓето. Меѓутоа, постојат и оние кои само имитираат опасност, а всушност се баш безопасни. Јас искрено се надевам дека твојата е една од нив и дека нема многу да те боли кога ќе те касне.“
извор: espreso.rs