Популарните чорапи на Мајкл Џексон на аукција, од цената ќе ви се заврти во глава

Некои од личните предмети на  Мајкл Џексон и оваа година ќе се најдат на аукција. Минатата година јакната на кралот на поп-музиката беше продадена за 300.000 долари, а сега неговите кристални чорапи ќе се продадат за почетна цена од 97.500 долари.

Џексон прв пат ги носеше чорапите во 1983 година, кога го изведе популатниот moonwalk „месечев од“. Акционерите покрај личните предмети на Џексон ќе имаат можност да ги купат и некои од личните предмети и парчиња облека на други познати личности од минатото.

Голем интерес се очекува да има и за фустанот на Мерлин Монро. Облеката на најголемата холивудска икона ќе се најде на продажба, со почетна цена од 100.000 долари.

Станува збор за фустан кој глумицата го носела во 1954 година, кога на прес-конференција сооштила дека по година дена брак, се раведува од легендарниот бејзбол играч Џо Димаџино.

 

Посетено 60 пати