Полицаец кој се воздигнува до облаци само затоа што ѝ помогнал на жена да премине улица

За тоа колку сме утепани од Господа зборува и оваа слика за овој полицаец кој се воздигнува до облаци само затоа што ѝ помогнал на женава да премине улица. Замислете, еден таков фин човек се нашол, и цела држава во транс, симнување капи, браво, алал ти вера!


Ама што да правиме, прво не сме навикнати на добри луѓе. Не ни се својствени, па кога ќе налета некој таков, ваууу, како да сме виделе чудо невидено. Бедни сме и очајни. Дополнително, сите полицајци треба да се добри луѓе. Не им е задача само да ловат криминалци. На полицаецов, тоа му е должност, која не треба да зависи од неговата добрина или добра воља. Ако забележи немоќен човек што не може безбедно да премине улица, треба да му помогне! ДОЛЖНОСТ! ОК? Што секој еден како него секојдневно треба да си ја врши без притоа да се велича како херој на социјалните мрежи. Да се споделеше ваква слика некаде во светот, сега полицаецот ќе беше на удар, на пример, зошто не ја држи жената под рака, или зошто раката му е во џеб и слични ствари. Никој немаше да го велича зошто направил нешто што му е работа!

За тоа дека женава му е можеби тетка, мајка, баба, не сакам ни да зборувам. Ај да не ја расипувам сликата, сепак е позитивен пример, за тоа како треба и камо да ни беа сите полицајци вакви… добри

Посетено 2.059 пати