По 70 години заедно, овој пар умре во ист ден!

Најубавите волшебни љубовни приказни често пати не ги среќаваме во филмовите, туку во реалниот живот. Среќаваме вистински парови кои си се ветиле еден на друг за цел живот, си ветиле безусловна љубов засекогаш…

Оние кои се сомневаат во ова, треба да го погледнат овој прекрасен пар, кој умре во ист ден во неколку часовна разлика по речиси 70 години заеднички живот.

Пребл Ставер и Изабела Витни се сретнале на состанок на слепо во Филаделфија, Пенсилванија, кога обајцата студриале во раните 40-ти од минатиот век.

Цвеќето на љубовта било посадено, но потребно било малку време пред да процвета во нешто прекрасно.

Втората Светска војна грмела низ Европа и двајцата млади служеле. Изабела била стационирана во Мериленд и работела како медицинска сестра, додека Пребл станал маринец и бил награден со бронзена ѕвезда во чест на говата храброст.

Пет месеци по завршувањето на војната, двајцата заљубени конечно се венчале на 15.02.1946 година.

Во својот брак, тие добиле 5 деца. Изабела ги израснала и била глава на семејството додека Пребл направил неколку кариерни промени во текот на својот живот. Двајцата се подрржувале еден со дрг особено во периодот кога нивниот син Петар трагично загинал додека играл фудбал.

Изабела се вратила на медицината откако сите деца ги израснала.

Во една прилика нивната ќерка Лори Ставер Клинтон, ги опишала своите родители за магазинот Пипл.

„Тие беа одлични луѓе. Мама ме научи дека не можеш да ја смениш другата личност, но можеш да го смениш своето однесување кон нив“, вели таа.

„Тато беше оној строгиот. Мајка ми се обидеуваше да биде строга, но знаевме како со неа. Беше татко кој имаше авторитет врз нас.“

Веќе во 2013 година, парот се преселил во дом за стари лица во Норфолк, Вирџинија откако на Изабела докторите ѝдијагностицирале деменција.

За жал, парот бил сместен во различни соби. Но, сепак Изабела се’ уште го памтела Пребл.

„Понекогаш, ние моравме да и’ кажеме да се фокусира и да погледне, но кога ќе погледнеше и ќе сфатеше дека тоа е тато, само ќе се насмееше“, вели Лори.

Како што се ближел неговиот 96 роденден, Пребл побарал последната дремка да ја има со својата сопруга. Вработените му ја исполниле желбата така што ги сместиле обајцата да лежат еден покрај друг неколку часа.

„Не си кажаа ниту еден збор. Си ги држеа дланките и само заспаа. Му реков на татко ми: „Ова е роденденскиот подарок на мама за тебе“. Тој беше толку среќен што може да одмара со неа“, објаснува Лори.

После една недела, ѝ рекле на Лори дека е време да се раздели со мајка си.

Таа и нејзиниот татко отишле да го кажат последното „чао“.

„Тој ја држеше нејзината рака, и беше едноставно толку нежно. Го прашав дали сака да остане по молитвата, а тој само ја протресе главата. Му реков: „Добро, но знаеш ли дека тоа значи дека ќе мораш да ја пуштиш нејзината рака?“ Јас плачев и тој плачеше“, вели Лори.

Подоцна истиот ден, Изабела починала и после неколку часа и Пребл ѝ се придружил.

Всушност, парот, кој беше 14 дена разлика, почина со само 14 часа разлика.

Извор: iheartintelligence.com

Посетено 461 пати