Ник Пауел, продуцент на филмот „Crying Game“ и ко-основач на “Вирџин груп”, почина на 69 години

Британскиот музички и филмски продуцент Ник Пауел , кој беше меѓу основачите на „Вирџин груп“ заедно со Ричард Бренсон и стана влијателна сила во киното во Велика Британија, продуцирајќи повеќе од 60 филмови, вклучувајќи ја и наградата за Оскар на Нил Џордан за филмот „ Играчка плачка “, почина во четвртокот на возраст од 69 години.

Credit: Photo by Jonathan Hordle/Shutterstock


Нашиот познат филмаџија, Горјан Тозија се опрости од својот драг Ники, преку социјалните мрежи со заедничка фотографија, притоа забладарувајќи му се за помошта која му ја пружил во македонската кинематографија низ годините. Но, и напомна дека многу ќе им недостига.

Покрај Тозија, опроштална порака испрати и внуката на Ник, Џема Пауел, која објави стара заедничка фотографија од Ник и нејзиниот татко. Во објавата таа напиша: „Вчера изгубивме неверојатен човек. Тој беше мојот чуден и прекрасен чичко Ник. Тој е на левата, а татко ми на десната страна. Тој беше неверојатна и инспиративнн уметничка поддршка за мене и за многу други негови блиски луѓе. Како ко-создавач на Вирџин, тој продуцираше многу победнички филмови: „Mona Lisa“, „Fever Pitch“, „The Crying Game“. Тој имаше топла душа… прекрасен татко… и ги носеше најдобрите костими. Ќе ми недостигаат нашите разговори“.

Поврзано:

Посетено 226 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!