НЕДЕЛА, ДЕН ЗА ОДМОР
(скоро вистинска приказна)
Недела, 24 мин. до полноќ
Пуштам центрифуга, пуштам ДЏ Тиесто
Хмм не, ми текна нешто поинтересно и иритирачки,
го гасам Дџ-от а машината ја спајам со звучници
и ги ставам на балкон
Ми се јавува оној од 7-ми:
-ааа комшија журка правиш а не викаш?
-каква журка?
-па ечи минимал од кај тебе
-а не бе, машината за перење ја споив
со звучници и ги ставив на балкон
-зошто?..ти нормален си?
-за да ве нервирам сите, да ви вратам
за сите бор-машини, шми-шајбни
и сите слични спраи од инквизиција
-што ми ги пуштате во 7 сабајле во недела
-ааа сега ќе видиш, тешко тебе – ми се закани
Цело маало ми стои пред врата, ѕвонат,
чукаат, ми пцујат мајки-шајки,
се јавуваат во Кризен Штаб и странски амбасади
а јас си го отварам волшебното килимче
и ќе летам за Шри Ланка,
ама пред тоа до Балет ќе поминам на некоја пијачка
Ах, да, ја пуштив на ауто-рипит машината за перење
и ги зашвајсував бушоните
Посетено 490 пати