Недела

plostad kocani_majkatiitatkoti

Кочани има преку десет села
а после сабота иде недела
шмрка се на мртво, цена багатела
после сабота иде недела
циганите на плоштадо пеат а капела
после сабота иде недела
пипни стој на времето игравме кај Газела
после сабота иде недела
миришеш на праз, а глумеш карамела
после сабота иде недела
ја мачкам Бордс Еве, а ти па Нутела
после сабота иде недела
на весник веѓета и модра мортадела
после сабота иде недела
за овоа можам да напишам новела
после сабота иде недела
земи ако сакаш повлечи паралела
после сабота иде недела
и побрзо среди си на горбиштата парцела
после сабота иде недела
Пред Банско пауза се прае на Предела
после сабота иде недела
не, те молам, не сум таа фела
после сабота иде недела
живееме у гето, у нуклеарна фавела
после сабота иде недела
нема веза, Македониичката да е цела
па после сабота ако сака нека иде и недела


Кирил Стоименов – подочњаколог

Посетено 2.211 пати