Не морону, не е тоа почетничка среќа…

Ми раскажува еден другар, вика:

-Идеме со братучед ми у Казино, пијани, и ја и он прв пат улаваме таму. Седнуваме на апаратите, добивка. Седнуваме на рулет, исто добивка. Дечкото шо работи таму уз насмевка рече:

-Бреј види ти, почетничка среќа. Непишано право шо треба да се запише!

На тоа се јави еден никотински глас од позадина, еден чика искинат и пијан којшто гневно прогунџа:

-Не морону, не е тоа почетничка среќа, почетничка среќа е кога за прв пат сакаш да идеш у казино и нешто ти искочи успат па одложиш за никогаш!!!

Посетено 2.404 пати