Не ги избегнувајте старите бабички и дедовци кога пазарите. Они ви го нудат најубавиот зеленчук.

Одејќи секогаш на пазар, ќе видите секогаш поред огради, стари бабички и дедовци симнати од селата.

Раширено на картон 10 домати, неколку лукчиња и кромидчиња, неколку пиперки, 7 краставици, 4 гранчиња магдонос, собрано утрото свежо и миризливо.

Ги гледа своите производи во насмевка. Ве гледа вас со насмевка и како да ви кажува дека се овие плодови од љубов.

По ѓаволите си мислам.

Што баарам кај тезгите на препродавачи кои и онака ќе ве украдат во мерење и со зол поглед што сте го пипнале или недајбоже бирале од овошјето.

Ми остана благата насмевка и се вратив после два чекори назад. Како да знаеше дека сето тоа му треба во денот секому.

Ме поздрави со насмевка и со зборовите да си одберам што сакам. Цената за сето тоа не кошташе ни упола од тезгите.

Го земав сето тоа и со изговор дека немам ситно и го платив реално.

Не сум јадел до тогаш толку вкусен зеленчук саден од семе кое го користат можеби со генерации.

Не ги избегнувајте нив кога пазарите.
Они ви го нудат најјубавиот зеленчук.
Одете прво кај нив!

Преземено од непознат автор

Посетено 5.441 пати