Насилство во врската: препознајте ги првите знаци!

Малтретирањето, без разлика дали е физичко или психичко, во било која врска и во било која возраст е неприфатливо, па затоа не треба ни да го толерирате.

Односот во врската треба да биде пратен со љубовни чувства, сигурност, почит и разбирање. Доколку личноста се чувствува уплашено, малтретирано или контролирано од страна на партнерот – таквиот однос се смета за насилен.

Анкетата и истражувањата во Америка на тема која се однесува на односот во врските покажуваат загрижувачки резултати:

  • Една од три девојки (тинејџерки) доживуваат некаков вид малтретирање во врската
  • 25% од девојките доживеале физички напад
  • 18% од момците доживеале физички напад

Дополнителни знаци кои алудираат на малтретирање:

Ова важи подеднакво и за жените и за мажите.

Контрола врз партнерот – подразбира доколку сакате да излезете со пријателите, морате најпрво да побарате негова дозвола, ви зборува што треба да облечете, бара целото свое слободно време да му го посветите нему и постојано ви врши притисок на вас, и преку телефон и во живо.

Вербално и емоционално малтретирање – подразбира љубомора и заканување како спрема вас така и спрема членовите на вашето семејство или пријателите ако не правите онака како што партнерот сака. Едно претходно истражување покажало дека 75% од тинејџерките трпат вербално малтретирање од страна на партнерот.

Сексуално малтретирање во кое спаѓа непосакуваното допирање или присилување на сексуални односи против волјата на партнерот (силување).

За жал, постојат личности кои во лошите и нездрави врски се обвинуваат само себеси за својата состојба и се чувствуваат беспомошно и понижено. Таквите личности мораат да сфатат дека тие се жртви на малтретирање и треба што попрво да се извлечат од таквата врска. Раскинувањето може да биде тешко колку ви значи партнерот и покрај малтретирањето, но сепак тоа е многу подобро отколку долготрајно да трпите насилство.

Совет за окончување на таквата нездрава врска: доколку не можете сами себеси да си помогнете, побарајте помош од семејството или најблиските пријатели, само не смеете да молчите и да го трпите таквиот однос.

Закон во Америка наложува наставниците, лекарите, советниците и социјалните работници доколку приметат малтретирање кај тинејџерите, тоа веднаш да го пријават во полиција. Исто така, доколку постои страв да се пријави или да се поразговара со некого околу малтретирањето, тоа може да се направи анонимно.

Предупредувања

Она што загрижува и за што треба да бидеме свесни: насилството во врската преоѓа во и насилство во бракот.

Совет до сите да се заштитат од малтретирање е најпрво да изградат самопочит. Личностите со самопочит и сигурност во себе се многу помалку во ризик да станат жртви на малтретирање и насилство во врската. Исто така, не треба да се дозволи таа врска да стане товар, затоа што односот сам по себе е веќе доволно нездрав. Верувајте му на своето семејство и своите најблиски пријатели затоа што само така ќе ја имате поддршката во било каква ситуација и да сте нашле. Бидете информирани за малтретирањето и насилството во врските како евентуално би ги препознале таквите моменти во вашата врска.

Да бидете во врска со партнерот е важен дел од животот кој треба да биде посебен и забавен. Препознавањето знаци на предупредување може да помогне при избегнувањето на нездравата и насилна врска.

Напомени

Ова се светски искуства, а нам можат да ни бидат само од поука. И во нашето опкружување постојат „насилни односи во врските измеѓу невенчаните или венчаните партнери“ и против тоа треба да се бориме.

Кај нас, слично како и во светот што се јавува, обично насилството се сокрива. Иако кај нас поради „некои традиционални обѕири“ и „некаква срамота“ се покрива. Прикривањето насилство во врската или семејството не треба да се толерира, бидејќи после „долгогодишно прикривање“ доаѓа до ескалација со тешки или најтешки последици.

извор: krstarica.com

Посетено 1.366 пати