Најлесен начин на девојката да ѝ земете телефонски број

Колку пати сте посакале да добиете број од некоја преубава девојка, а не сте знаеле на кој начин да ѝ пријдете?

Приказната за убавата девојка е можеби најтешката и најстрашната работа за повеќето мажи. Потребно е да ја скршите непријатната бариера и да ѝ пријдете како потполн странец, а притоа да не испаднете како чудак или манијак. Иако тоа многумина го прават користејќи глупи фори за мување, ние ќе ви откриеме фора која е едноставна и која дефинитивно ќе ги одушеви и насмее девојките.

Сè што треба да направите е да се правите дека сте го изгубиле телефонот. Кога ќе здогледате убава девојка, едноставно пријдете ѝ и замолете ја да ви го позајми телефонот како би можеле да го завртите вашиот телефон. Повеќето девојки ќе ви излезат во пресрет и ќе се обидат да ви помогнат.

Земете го нејзиниот телефон и впишете го вашиот број на телефон, а потоа свртете се. Заѕвоните на телефонот и пуштете таа да слушне дека вашиот телефон е кај вас. Кога тоа ќе се случи, едноставно кажете: „Е сега, го имам твојот број на телефонот, така што очекувај дека ќе те побарам да излеземе“.

Секако, ова кажете го низ насмевка и шармантно однесувајте се и ќе видете дека секоја девојка ќе се воодушеви. После тоа, немојте премногу да замарате и едноставно продолжете понатаму. Не смеете да создадете притисокот на девојката како да следите и како не ѝ давате избор.

Со помош на оваа метода нема да бидете нападни, нема да делувате како манијак и нема да пријдете со глупави и смешни фори, туку на едноставен начин ќе успеете да дојдете до нејзиниот број.

Сè понатака останува на тоа кога таа ќе ви одговори кога ќе ја побарате или кога ќе ѝ испратите порака, па затоа потрудете се вашиот прв впечаток да биде совршен.

Посетено 2.105 пати