На вистинската личност нема да ѝ сметаат твоите маани или тоа што премногу размислуваш

На твојата сродна душа, на твојот сличен дух, на твојата вистинска љубов, како и да сакаш тоа да ја наречеш, нема да ѝ сметаат твоите несовршености.

Ќе те прифати онаква каква што си. Ќе се заљуби во твојата дива, нескротлива страна. Твоите блескави невообичаени моменти ќе ги смета за слатки. Твоите различни мислења и идеи нема да биде нешто што ќе сака да го менува. Всушност, токму таа твојата различност ќе биде тоа што ќе ја инспирира да преиспита и да промени некои работи во сопствениот живот.

На вистинската личност нема да ѝ смета твојот гласен ум кој никогаш не престанува да размислува. Ќе ја стиши твојата најгласна несигурност и ќе ги смири твоите паранои. Нема да те осудува. Напротив, ќе разбере зошто секогаш сè анализираш. Ќе знае дека тоа го правиш затоа што многу ти значи.

Вистинската личност нема да побегне на првиот знак на расправија. Нема да се плаши да се соочи со тебе и отворено да разговара за било кој проблем кој може да го имате. Нема да ѝ сметаат твоите мини сломови. Нема да те остави сосема сам/а кога си најслаб/а. Ќе биде со тебе, ќе те држи за рака и ќе ти даде до знаење дека најдоброто допрва следи.

Вистинската личност нема да те осудува затоа што си необична. Ќе ужива во тоа! Всушност, твојата лудост ќе ја надополнува со својата лудост. Ќе те смее до солзи. Ќе ти биде угодно да си свој/а кога си со неа, без никакви маски или срам.

Вистинската личност нема да ја уплаши јачината на твојата љубов. Твојата нежност и чувствителност нема да ѝ биде премногу. Ќе го обожава начинот на кој ја тешиш, начинот на кој се однесуваш спрема неа и тоа што го правиш да се чувствува како да е најсреќната личност на светот. Никогаш нема да ѝ треба пауза од тебе или од твојата љубов. Затоа што оваа личност ќе биде пресреќна што ќе може да го помине животот покрај тебе.

Но, она што е најважно, вистинската личност никогаш нема да те повреди, да те напушти, да те лаже или да те остави. Ќе старее во твоето срце и душа еднакво како што ќе старее и во својата.

Стефани Ридс

Посетено 2.190 пати