Јаде месо, а има веганска грижа на совест

Седиме со еден другар пред некој ден на скара и пивце. Љуштиме со сета сила, кога по некое време го гледам нешто кисел. Го прашувам шо му е, ништо не одговара. Продужуваме. Како шо расте бројот на отворени пива, он е се покисел и покисел. Го напнувам ептен:

skara i pihce nova

-Дај бе кажи шо си таков, жена нешто да не е у питање, работа, пари, здравје???

-Не бе, не е ништо од тоа.

-Епа шо е?

-Абе читав една книга за синџир на исхрана, за поинаквата вистина за храната него таа што не учеле у школо и по дома. И малце ми е глупо сеа шо јадам месо. Немој да мислиш дека планирам веган да станувам, ама стварно ми е малце глупо за сето месо шо сум го изел до сеа, некако совест ме гризе.

-И решение?

-Планирам нареден пат да идам со татко ми на лов, и на цел глас, урлајќи да им апелирам на животните: Ве молам трчајте побрзо и престанете да бидете толку ебено вкусни!!!

vegan unatre

 

Посетено 628 пати