Лицемерие или по нашки хипокризија

Зошто луѓето не ги кажуват отворено работите? Зошто се преправаат и се лигават? Зошто си ја гледаат сопствената душичка и не кажуваат што мислат?
Колку би било сѐ полесно да сме отворени и искрени.

Другови, еволуција је у питању.
А еволуцијата не работи со денови и месеци, ами со милиони години.
Уште неколку милиони години и готовооооо – опоравени.

Една паралела – исто како со скелетниот систем. Сѐ не боли: кичми, колена, лордоза, ишијалгија, дископатија, сколиоза, спондилоза…. Зошто? Пак е еволуција во прашање. Прерано сме исправени , по пуста потреба од храна, да береме по дрвја😊😊😊 Да си одевме четвороношки, да видиш дали нешто ќе нѐ болеше. Прерана еволуција за коски наспроти задоцнета еволуција за разум. Затоа сме лицемерни – рано ни е. За милион години ќе нѐ биде.
Квази научнен, ама корисен приод😊 А мож’ е точно. Кузнај.

Посетено 1.814 пати