Куче ишарано со маркер, што гадови ќе бевте, бре?!

Ако некому не можеш да му помогнеш, молим те не му одмагај.
Ако со години одминуваш миленици напуштени од своите „господари“ и оставени на милост и немилост, не им прави зло!

Што народ ќе бевме бе, колку злоба во нас може да има за да шарате кучиња кои патем ништо не ви направиле?

Овој чин не е на старец, овој чин е на дете, најверојатно средношколец. Па, старино дали гледате каков пример ѝ  оставате на младината?? Гледаат од вас како убивате, колете, правите… а, сигурна сум дека повеќето од психопатите се старци кои лечат фрустрации врз напуштените миленици. Не велам улични, бидејќи некогаш имале дом… а, сега ги напуштаат.

Не сакам да кудам, можам да судам. Бидејќи злосторството е за осуда. Напакстувањето на невино суштество е за осуда и тоа како!

Кај ќе ви оди душата, бре изроди низаедни!

Посетено 1.467 пати