Колку пиксели – толку животни!

Пикселите кои преставуваат број на секој вид на нашата планета.

Брилијантна кампања на Светската фондација за диви животни (WWF) неодамна станала вирална на друштвените мрежи и генерално на интернет, благодарение на еден корисник на платформата на reddit. Кампањата наречена “WWF Japan – Population by pixel”, креирана од страна на агенцијата “Hakuhodo C&D Tokyo”.

Инспириран од нивната работа, корисникот под името JJSmooth44 малку ја преработил кампањата која е еднакво моќна како и оригиналната. „Тоа ми дојде како пограмерски предизвик“, напишал JJSmooth44.

Фотографиите оставаат големо влијание на секој што ќе ги погледа и ја поддига свеста околу тоа колку глобалното затоплување, но и нелегалниот лов отидоа предалеку.

Афричкиот див пес

Останаа измеѓу 3000 и 5500 на планетата.

Амурски леопард

Останаа околу 60 .

Амурски тигар

Останаа околу 450.

Азиски слон

Останаа околу 40 000 и 50 000.

Бенгалски тигар

Останаа околу 2500.

Црноног твор

Останаа околу 300.

Црн носорог

Останаа околу 5000.

Син кит

Останаа околу 10 000 и 25 000.

Бонобо мајмун

Останаа околу 10 000 и 50 000.

Борнејски орангутан

Останаа измеѓу 10 000 и 69 000.

Борнејски слон

Останаа околу 1500.

Шимпанзо

Останаа измеѓу 172 000 и 299 700.

Источна горила

Останаа околу 17 000.

Кит перајар 

Останаа измеѓу 50 000 и 90 000.

Галапагоски пингвини

Останаа околу 2000.

Џиновски панди

Останаа околу 1864.

Зелена морска желка

Останаа измеѓу 3000 и 5500.

Хектерови делфини

Останаа околу 7000.

Индиски слон

Останаа измеѓу 20 000 и 25 000.

Индокинески тигар

Останаа измеѓу 600 и 650.

Индиски речен делфин

Останаа околу 1100.

Јавански носорог

Останаа околу 60 на планетата.

foto: boredpanda/JJSmooth44

Посетено 331 пати