Кога идеите ќе ви здодеат: „Никогаш не сум“ – популарна игра за возрасни
Играта „Никогаш не сум“ е една од најпопуларните игри за луѓе од сите возрасти.
За младите, оваа игра претставува одличен начин да ги натераат своите пријатели да ги раскажат своите најнепријатни случки, додека за постарите претствавува одлична игра за со пијалак.
Единствената работа која може да ја расипе оваа игра е недостатокот на интересни прашања кои можете да му ги поставите на соиграчот. Ако некогаш сте ја играле оваа игра, мора да ви се случило некогаш да го прескокнете вашиот ред за прашање затоа што сте останале без идеја. Тоа е причина зошто морате да бидете спремни кога ќе ја започнувате некоја ваква игра.
Еве дваесет интересни прашања кои можете да ги искористите следниот пат кога ќе ја играте играта „никогаш не сум“.
1. Дали некогаш сте се бањале голи на јавно место?
Веднаш почнете со провокативните прашања како што е ова. Многу луѓе не се бањаат голи пред светот, но на овој начин ќе ги натерате да бидат искрени кога е во прашње својот интимен живот.
2. Дали некој случајно ве видел голи?
Ова прашање не е за да посрамоти некого, туку после него следи доста непријатен разговор и објаснување. Натерајте ги да ви кажат сѐ околу овој интересен момент.
3. Дали некогаш сте украле нешто од продавница?
Многу луѓе го направиле барем еднаш ова. Ќе бидете изненадени колку голем број на луѓе украле нешто од продавница од било која причина. Дури и да се работи за нешто мало и релативно безвредно, оваа информација ќе ви помогне да сфатите кој е каков во суштина.
4. Дали некогаш сте ја напуштиле државата?
Некои луѓе ниту еднаш во текот на животот не ја напуштиле државата. Дознајте кои се тие.
5. Дали ви се случило некогаш да добиете подарок кој не ви се допаѓа, а сепак сте рекле дека е совршен?
Мора ова да ви се случило за роденден или Божиќ или на некој сличен празник. Дознајте кој уште морал да се носи со ова.
6. Дали некогаш сте влегле во соба и сте прекинале некого додека имал секс?
Ако ништо друго, сте им влегле во соба на своите родители.
7. Дали некогаш во текот на целиот ден сте носеле маица наопаку, а да не сте приметиле?
На некои луѓе ова често им се случува кога наутро се брзаат за на работа, а тоа може да биде многу непријатно.
8. Дали некогаш сте се заљубиле во некој кој е многу постар од вас?
Искрено, сите имаме некој кој е многу постар од нас, а сепак ни се допаѓа. Дознајте кои од вашите пријатели сакаат постари.
9. Дали некогаш ви се остварила некоја роденденска желба?
Многу ретко се случува некој само да ги дувне свеќичките и после некое време неговата желба да се исполни. Блазе си им на оние кои ова им се случило.
10. Дали некогаш сте вечерале, а потоа сте избегале од ресторанот?
Некои луѓе ова го прават скоро секогаш. Добро е да знаете кои од вашие пријатели не ги плаќаат своите сметки.
11. Дали некогаш бесплатно сте се протнале во кино?
Кината знаат да бидат доста скапи и луѓето понекогаш не можат да си ги дозволат. Дознајте кој од вашите пријатели е лукав.
12. Дали некогаш се случило да му удрите некому шамар поради нешто што кажал?
Некои луѓе заслужуваат шамар кој ќе биде толку силен што ќе им ја помати главата. Дознајте кој е брзоплет во групата луѓе во која се наоѓате.
13. Дали некогаш сте скршиле нешто во куќата на пријателот, а не сте му рекле ништо?
Ламба, далински управувач, па дури и порцеланската чинија на неговата мајка.
14. Дали некогаш сте повредиле некого, само затоа што сте се обиделе да го импресионирате?
Дознајте кој од вашите пријатели е непромислен.
15. Дали некогаш сте удриле во нешто затоа што не сте обратиле внимание?
Маса, личност, па дури и врата. Ова може да предизвика неколку насмевки.
16. Дали некогаш сте се возеле на ролекастер?
Некои луѓе едноставно не можат да го поднесат овој тип на тип на забава. Ова може да ви покаже кого дефинитвно не би требало да го поведете во забавен парк доколку не сакате да ја прескокнете вожњата.
17. Дали некогаш сте лажеле за смртен случај во семејството за да избегнете нешто?
Ова дефинитивно не е најдобрата лага, но се случува.
18. Дали ви се случило некогаш толку детално да истражите нечиј телефон, што сте наишле на слики, кои навистина не би требало да ги видите?
Како прво, никој не би требало да прави вакви работи. Но, ако некогаш сте го направиле тоа и сте виделе полуголи слики од својот пријател, проверете кој од вашите пријатели ја направил истата грешка.
19. Дали некогаш сте запознале некоја позната личност?
Блазе си им на оние кои го направиле тоа.
20. Дали некогаш сте обвиниле некого за нешто лошо што ви се случило?
Ова не се однесува на кршење на некои безначајни работи, туку на нешто што е навистина мнгоу лошо, нешто што ви помогнало да се вовлечете во некоја неволја.