Ќофтиња Со Авокадо
[fblike]
Совршена комбинација на месо и авокадо спакувана во ова вкусно и едноставно за подготовка ќофте.
Состојки:
Мелено јунешко месо – 450 гр.
Лук (мелен) – 2
Јајце – 1
Магдонос (свеж, исечкан) – По вкус
Табаско сос – По вкус
Сол – 1 лажица
Бибер (мелен) – По вкус
Авокадо, излупено и исечкано – 1/2 или 12 коцки
Инструкции:
Чекор 1:
Во голем сад ставете го меленото јунешко месо, лукот, јајцето, Табаско сосот, биберот и магдоносот. Месете додека не добиете хомогена смеса. Со лажица земете дел од смесата и рачно обликувајте топчиња притоа ставајќи по една коцка авокадо во секое од нив.
Чекор 2:
Загрејте една лажица маслиново масло во голема тава на среден оган. Додајте ги ќофтињата и често вртете ги од сите страни додека тие не добијат златно-кафеава боја.
Чекор 3:
Загрејте ја рерната на 175 степени. Плехот за печење поставете го со алуминиумска фолија и намрсете ја со маслиново масло. Печете околу 25 минути и потоа послужете.
Посетено 381 пати