Казна за ждригање во јавност

3+The+Simpsons+(www.teepublic.com)

Гласното ждригање на јавно место во Австрија е казниво,
а што е уште поинтересно, законов навистина се спроведува.

Еден виенски угостител добил казна од 70 евра заради гласно ждригање на станицата Пратерштерн, додека во негова близина се наоѓал полицаец кој го слушнал тоа и оценил дека е прекршување на Параграф 1. од виенскиот покраинско-безбедносен закон.

Како оправдување, угостителот напишал дека јадел ќебапи со лук, и „изгубил контрола“ врз себе и ждригнал.

Прво не бил сигурен дали полицаецот што му ја изрекол казната е сериозен или не, но епилогот е дека дури и се заблагодарил на полицијата за тоа што се грижи за безбедноста на неговиот град.

Како ждригањето е опасно по животот на граѓаните не знаеме, ама некои работи треба да останат неодговорени.

Посетено 897 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!