Како ја замислувале Југославија во 2000-та година?

Иднината на Југославија била интересна тема за многумина пред 45 години. Прашања имало многу, а луѓето најмногу ги интересирало што може да се очекува од технолошкиот напредок, што ќе му биде достапно на народот и слично.

1341528573810.cached

Многу угледни експерти и аналити

чари своевремено дале мислење за тоа како Југославија ќе изгледа во 2000-та година. Предвиделе трансплантација на органи, нов начин на телекомуникација, нови медицински техники, но она што не го предвиделе бил распадот на Југославија.

„Визијата на животот кој нè чека за три децении, а кои ќе го дочекаат две третини од денешните живи Југословени е опомена дека за секој сегмент од животот е неопходно долгорочно планирање без кое можни се многу судбоносни промашувања“, се наведува во текстот пренесен на блогот Југопапир.

Американските футуролози го гледале светот во новиот милениум како поделен на шест групи: видно постиндустриска (60 до 200 долари по жител), во развој (200 до 600 долари), зрела индустриска (600 до 1.500 долари), високоиндустриска (1.500 до 4.000 долари), рано постиндустриска (4.000 до 16.000 долари) и шестата група – високо постиндустриска, со над 16.000 долари по жител.

Според пресметките на економистот Милош Синџиќ, во 2000-та година Југославија би требало да остварува по 2.520 долари по жител, односно да биде во групата на високо индустријализирани земји.

Експертите во 1969-та година тврделе дека ќе се промени и остатокот од светот. Предвиделе нови телекомуникации, но и нов вид материјал отпорен на високи температури. Било истакнато и дека во новиот милениум ќе се применува хемиска и биолошка контрола на карактерот и интелектуалните процеси, вештачка интелигенција и вештачко производство на органи.

Посетено 13.708 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!