Јунаците на Дизни во оргиналните приказни доживеале сосема поинаков крај!

Можеби после овој текст, целото детество ќе ви делува како лага, но доволно сте возрасни за да ја слушнете вистината. Затоа што многу од јунаците на Дизни во оригиналните приказни всушност не „живееле среќно до крајот на животот“ или за среќниот крај морале да направат страшни работи…

Во оригиналните приказни кои стојат зад вашите омилени цртани на Дизни постојат мрачни детали кои се разликуваат од шарените слики кои ни останаа во сеќавање.

Накратко, Дизни малку ги „дотерал“ оригиналните верзии, ги поедноставил и ги исчистил од мрачните елементи кои на децата би можеле да им предизвикаат кошмари, така што приказната е сведена на класичната шема на херои кои успеваат да ги надминат неволјите и да покажат дека доброто секогаш победува. Тој процес на адаптација на оригиналните бајки, денес критичарие популарно го нарекуваат Дизнификација.

Меѓутоа, оригиналните верзии на овие бајки не се приказни за деца, туку приказни во кои се криеле изневерени надежи, мрачни стравови и страшни лични искуства на возрасните.

Пепелашка

Таа има преку стотини верзии, а онаа која ја потпишале браќата Грим е слична на онаа најстарата, што се однесува до бруталноста. Според неа, кога принцот стигнал во куќата на Пепелашка со стаклената чевличка, нејзината маќеа им наредила на своите ќерки да ги отсечат своите прсти како би можеле да ги облечат обувките.

Нејзиниот план не е успеал, и приказната навистина среќно завршила за принцот и Пепелашка. Меѓутоа, злобните полусестри ги дочекала бруталната казна и тоа на венчавката, кога голубите им ги исклукале очите. Инаку, во оригиналната приказна, Пепелашка не ја молела добрата вила за желби, туку дрвото кое е засадено на гробот на нејзината мајка. На крајот на приказната, таа ја убива својата маќеа кршејкќи ѝ го вратот.

Ѕвонарот на Богородичната црква

Во приказната на Виктор Иго, Квазимодо не успева да ја спаси Есмералда (всушност, тој несвесно ја предава на властите) и го гледа нејзиното бесење. Квазимодо оди до нејзиниот гроб на кој останал сѐ дпдека не умрел од глад.

Многу години подоцна, по отварањето на нејзиниот гроб, некој ги пронашол костурите на Квазимодо и Есмералда, но кога се обиделе да ги раздвојат, тие се претвориле во прашина.

Малата сирена

Андерсон бил особено суров спрема своите јунаци, а малата сирена Ариел ја осудил на смрт. Таа склучува договор со вештерката и ѝ дозволува да ѝ го исече јазикот, како би добила нозе. Меѓутоа, со нив цело време се чувствувала како да оди по остри ножеви. И покрај својата жртва, таа не успеала да го освои принцот – тој се оженил со друга, а Ариел се фрлила во морето и се претворила во морска пена.

Снежана и седумте џуџиња

Во оригиналната верзија, злобната кралица не е маќеа – туку мајка, но браќата Грим подоцна тоа го промениле затоа што на мајчинството гледале како на светост. Кога Снежана го изела јаболкото и заспала, принцот, опиен од нејзината убавина, од џуџињата бара после нејзината смрт да ја стават во ковчег кој потоа ќе го носи со себе како би можеч да ужива во неа.

Снежана се буди откако слугата ја удрил толку силно што таа го искашлала отровното парче јаболко. На крајот, принцот и Снежана се венчаваат, а злобната кралица завршува така што за казна игра во жешки челични чевли се додека не се онесвести и не умре.

Мулан

Во поемата за Мулан, Кина ја губи војната. Мулан успева да побегне, но кога ќе стигне дома, открива дека нејзиниот татко е мртов и дека мајка ѝ се омажила за друг маж. „Жена сум, ја преживеав и војната, и направив доволно. Сега сакам да бидам со својот татко“, рекла Мулан, после што се самоубила.

Ледено кралство

„Леденото кралство“, делумно се заснова на „Снежната кралица“ на Ханс Кристијан Андерсен, каде што кралицата киднапира мало момче и го бакнува, после што тој станува отпорен на мраз и заборава сѐ што е поврзано со неговото семејство. Момчето го спасува еден пријател, но поминува толку многу време што веќе и двајцата стануваат возрасни мажи.

Убавицата и ѕверот

Во оригиналната приказна на Габриел Сузан Барбот, Бела го убедува Ѕверот да ѝ дозволи да ја посети сестра си на недела дена. Откако сестра ѝ ќе ја види со накит и ќе слушне како таа живее луксузен живот, таа ја убедува да остане подолго со него со намера да го одложи нејзиното враќање, како Ѕверот би се разлутил и би ја изел Бела.

 

извор: noizz.rs

Посетено 614 пати