Јас сум дел од Балканот! Јас сум и Албанија и Грција и Босна… ама пред се’ сум човек, па ќе ги оставам шегите настрана!

Додека Балканот на големо се тресе, Грција тоне во поплави, Босна и Хрватска се во ризик од земјотреси, а Албанија брои жртви и повредени… трети прават неумешни шеги за земјотресот.

Е тоа не можам да го прифатам.

photo credit Reuters

И мене ме разбуди земјотресот. И јас бев мамурна кога креветот се заниша… и јас не знаев што не’ снашло. Но, само си помислив: Нека заврши за да можам да се доспијам.

Утрото ги видов штетите, жртвите, страотните видеа и сведоштва. Не ми беше ни малку сеедно.

Додека јас спиев мирно, илјаднци други останаа без покрив над глава. Додека јас спиев мирно и посакав да имам уште некој саат плус за да се доспијам, стотици се во опасност засекогаш да заспијат. Додека јас се прашував: што е ова сега, илјадници други прашуваа: Каде е мојот дедо, баба, татко, мајка, брат…

И не е уопште интересно кога се шегувате на вакви денови, на вакви несреќи. Албанија е толку блиску, што дури и ние го почувствувавме. Зарем не сфаќате дека и ние сме потенцијални жрвти? Зарем бргу заборавивте на кобната 63-та односно што тогаш го стрефило Скопје?

Зарем мислите на брутален црн хумор додека некој навистина се бори за живот?

Од Град на солидарноста, станавме Град на црниот хумор и сатирата.

А бе луѓе, заборавивте дека пред се’ сте луѓе, а после се’ останато.

Денес осамна страотната снимка од моментот на земјотресот, снимка од која ќе ви се помести желудникот… за жал..

View this post on Instagram

#earthquake #durres #albania

A post shared by Мајка Ти и Татко Ти (@majkatiitatkoti) on

А, еве каква е ситуацијата после земјотресот…


Се’ што можеме е да се молиме за Балканот, за светот, за сите нас…

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 43.580 пати