Идеи за подарок: Ретро подароци кои се евергрин!

Кога е во прашање бирањето подароци, денес постојат многи опции  и интересни работи кои можеме да ги подариме. Но, некои работи се евргрин. Ако ви недостаува инспрација секогаш избарте нешто  од оние работи на кои модата не им поминува:

1. Тегличка со храна– домашен џем од јагоди е подарок на кој сите ќе ви бидат благодарни. На тегличката задолжително означете датум кога е направен џемот.

2. Букет свежо цвеќе – денес ретко кој го дава овој подарок, а станува збор за многу убав гест. Ако не сакате да подарите само букет, купете соодветна вазна во која ќе го ставите.

3. Слатки – ако немате време сами да ги направите, а не сакате да купите обични грицки, секогаш можете да изберете слатки како крофни, колачи или кифлички. Ако сте доволно снаодливи, испечете пита или колач за кој знаете дека ќе ѝ се допадне на личноста за која е наменет. Ќе ја воодушевите со вкусното изненадување.

4. Шише омилено вино – луѓето сè помалку подаруваат шише вино, бидејќи им е страв како ќе им се допадне на личностите за кои е наменето. За да биде овој подарок посебен, подарете им шише од вашето омилено вино.

5. Саксиско цвеќе или зачински билки – подарувањето зачински билки и саксиско цвеќе некогаш беше многу популарно. Таквите подароци и денес се посакувнаи, особено при вселување во нов дом.

6. Свеќа или етерично масло – ако знаете какви мириси обожаваат вашите домаќини, ова е одлична идеја. Со таков убав гест ќе им покажете колку всушност добро ги познавате.

Посетено 798 пати