8-9 саати одиш по куќи и станови облечен ко космонаут, дишеш ко Дарт Вејдер, скоро цел ден со маска и ракавици…

8-9 саати одиш по куќи и станови облечен ко космонаут, дишеш ко Дарт Вејдер, скоро цел ден со маска и ракавици, како во финска сауна се потиш заради материјалот од кој е направен скафандерот, качувај се неброено пати во денот до 5-6 кат па и поткровје пошто нема лифт во зградата или не работи, излези – влези од колата по стопати во денот, доаѓаш дома, миење раце, дезинфекција, туширања, капнат од умор си легнуваш во 9, се грижиш за здравјето на тие кај што одиш, се грижиш и за своето затоа што знаеш дека од твоето зависи и здравјето на тие со кои живееш но и твоите комшии, се бориш максимално за што побрзо да ја избркаме коронава и веруваш дека набрзо ќе се случи и тоа.

И наеднаш – Струга 🤬

И веднаш знаеш дека уште ќе се бориш со несовесноста, себичноста, безобразноста и безумието.

Туго……😰

Денис Јанкуловски

Посетено 17.119 пати