И би зла доба..

И би зла доба.. Празна е чаршијата… Птици врани, очи ни бодат.. Заклетва света, со нож ја сечат.. Чума надојде, слнцето го затре.. Секи ден, новина, ко суден час ќе беше.. Од што народ да се одбрани.. Од која страна, не знајш што ќе те напади.. Чумата ли?…Ѕверот ли?..

И би зла доба… Среде пролет, нагиздана зима царува.. Студи в душата, ѕемне… Срцата камен се сторија.. Еј , кој помисли на сиктер време… За племето да се сотре… Везден народ, по чаршија беше… Сега, зла доба, ко заден час.. Минути ни брои, ко војска ќе не строи… Еден по еден, ко Шиндлерова листа… Уште слнце не изгреано, се ќе се стиша… Ќе биде, бројка без мера .. Ќе не знајш, од кај си сајдисан. Дал од врана, или чавка дрдорешка.. Дал од змија, што очи ќе ти ископа.. Не ќе знајт чоек, што дамла ќе го стрефи.. Не ќе знајт дали, утро ќе го раздени ..

Еј…Господи Боже наш !.. Велигден ни иде… Ти, Боже, Ти си вистината … Со Тебе јас знам, нема зла доба.. Скршнаа Боже од твојата патека.. Друго слово прочитаа.. Бројки, им го избришаа умоот.. И Кирилица, со латинско сменија… Ех Боже мој… Колку сме ситни! Да не речам мали.. Ни достојни за опрост..

Ах бре!…Боже… Си играат со милоста и љубовта… Ја кројат земјата по мерка… Не знам Боже, дали ќе се сетат.. Да помножат некогаш љубов.. Да поделат милосрдие.. Да бидат покајание… Бројките, и буквите коси.. Ги пишуваат , ката ден… Не чуле, ниту виделе… Како еден храни, стотина… Како се меси лепче, петолебие, и панагија…

Не знаат тие Боже, за крвта Исусова.. Не знаат Боже… За тајните одаи на Христовата душа.. И никогаш нема да научат.. Се додека.. На Богохулие и невера служат…

Оливера Ширговска

Посетено 538 пати