Греалица за купатило и кафето низ нос…

Ви текнува ли на оние југословенски прекидачи, на којшто помеѓу копчето за светло и копчето за бољер стои копче за вклучување и исклучување на греалицата за у купатило. Жити Бога!!!

grealica

Моето купатило е експозитура на Гренланд, амбасада на Аљаска, и породилно за пингвини, па зимно време не може да се стопли со Сименс-Мартинова печка, не па со таква греалица. Но, нејсе. Пред некој ден прочитав оглас:

Се продава: Греалица за купатило, неупотребувана. Произведена во СФРЈ. 1000 денари. Во цената се вклучува и една третина прекидач, исто така неупотребуван.

Еве чистам флеки од кафето што ми истече низ нос…

Посетено 6.754 пати