Еден ден ќе одговарате сите вие што ни ја земавте младоста

vasko pocetna_majkatiitatkotiИмам 28 години, за мене паметам најверојатно од некои 4-5 години. Не баш добро, ама се сеќавам на војната во поранешна Југославија. Потоа се случи приватизацијата, паметам дека моите штрајкуваа, се нервираа. Се случи Гостивар – 1997. После тоа дојде 1999 – бомбардирањето на Србија и Косово. Бидејќи израснав во Тетово, навечер не можев да спијам од воените авиони на Нато, а згора на тоа и фрлаа бомби на неколку километри од местото каде што живеам. Истата година беше и бегалската криза, па на само еден километар од мојот дом имаше камп со 50.000 – 100.000 бегалци од Косово, а тоа не беше воопшто пријатно. За нецели две години, повторно војна, но овој пат дома, онаму каде што израснав. Моравме да бегаме, да избегаме од местото каде што ми започна детството. Бев 2 месеци надвор од државата, потоа се вратив, но се пукаше уште, навечер кога си легнував низ прозор гледав куршуми што светат како прелетуваат од една на друга страна. Имаше полициски час, луѓето сеуште се убиваа… Се сеќавам, за да стигнам до мојата куќа морав да поминам покрај луѓе облечени во црно, со фантомки на глава и оружје во рацете. Помина и тоа некако, но траумите од војната ги имам сеуште. После сето тоа – политички кризи, менување на власта, постојано се „пушташе“ тој муабет дека Македонија ќе ја разделат, ќе ја поделат на два-три-четири дела. Страв… Каде ќе припаднеме ние, ќе ми го зароби ли некој домот каде што израснав?… Има уште многу што да се напише, но ајде доста е…
Ако не во блиска иднина, ама еден ден ќе одговарате сите вие што ни ја земавте младоста, ќе одговарате и едните и другите…
Фејсбук статус на Васко Спасовски

border 1-transfer-ABC-za-banner

Посетено 15.070 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!