Да има добра душа е ОСНОВЕН предуслов кој се подразбира, но не и ЕДИНСТВЕН – Фросина Ѓорѓиовска

– Абе битно да има добра душа, друго не е битно.

– Не бе срц, да има добра душа е ОСНОВЕН предуслов кој се подразбира, но не и ЕДИНСТВЕН. Треба и да ти се свиѓа, да има хемија, да има оган низ вените, да се почувствуваш жив/а, а не само сигурна релација или брачна институција заради нечија добрина. Добрината оргазам не дава, освен ако не си загорен/а до степен и Кит Ричардс да ти е секси. Шармот, интелигрнцијата, стилот на живеење, енергијата со која зрачи некој, а не само добрината, се спектар на особини од кои ни врие крвта во вените и ни прескокнува срцето од љубов, а не само добрината.

Релацијата се гради, ама хемијата не. А важна е. Без неа партнерите цимери стануваат. Или ја има од старт (и ја одржуваш) или ја нема, туку само заради добрината се залажуваш себе дека си среќен/среќна. И си седиш така полумртов до крајот на животот, лишен од секаква возбуда и ко ќе те сместат у старечки дом, тогаш сфаќаш дека не си имал храброст да живееш. А храброста ризикува. Или се или ништо. Просечноста не ризикува, затоа што е плшлива. Храброста ќе е посреќна со ништо, отколку со трошки, затоа што трошките ќе и бидат само товар. На храброста не и треба некој за да ја направи среќна, затоа што храброста знае дека среќата зависи само од нас самите (исклучок се само смртните случаи).

Просечноста игра на сигурно. На просечноста среќата и зависи од другите луѓе, настани и околности, бидејќи просечноста нема идентитет. На просечноста и треба било кој добар за кој ќе се грижи, бидејќи само така, преку другите може да го потврди своето постоење. А досадна, празна, нестимулативна, но добра личност е секогаш просечен избор. Просечноста е за колку да не бидеш сам, колку да проживееш ради реда, а не да бидеш вистински среќен. Затоа подобро и кратко да трае ама да се осетам жива, отколку да е за цел живот, ама млако, безживотно и сиво.

Фросина Ѓорѓиовска

Посетено 639 пати