Читав некаде за тоа како женката орел избира мажјак.

Читав некаде за тоа како женката орел избира мажјак. Зема гранка во клунот, лета високо и ја фрла. Мажјаците ја фаќаат и ѝ ја враќаат. На почетокот тоа е еден вид игра. На сите им е интересно. Таа пак ја пушта гранката. Мажјакот кој ќе ја фати ѝ ја враќа. И се така. Повеќе пати.

Првиот мрзелив мажјак се откажува откако си поиграл малку и му здосадило.
Вториот мажјак ќе издржи уште неколку дополнителни фрлања. На крајот таа секогаш го избира оној мажјак кој останал и кој не се откажал од тоа на секое нејзино фрлање да ѝ ја враќа гранката.

Не знам колку е вистинито ова, ама поучно е. Женката орел го избира третиот мажјак кој е најистраен, најиздржлив, најупорен, најверен. Оној кој останал. Секогаш. А оној првиот, мрзливецот кој се откажува само по пар обиди, е тој секогаш го избирам јас.

Една птица со 2 грама мозок е попаметна од мене! Тоа сакав да кажам уствари 🙂

Посетено 1.506 пати