БУКВАЛНО: Досадата убива!

rabota-kompjuter-lap-top
Што повеќе се досадувате, пократко ќе живеете – заклучок  на истражувачите од Лондон. Тие  25 години го анализирале животот на повеќе од  7.000 вработени  во јавни претпријатијаи дошле до таква информација.

Испитаниците кои признале дека често им биле досадно, имале 40 проценти поголема веројатност да умрат до крајот на истражувањето од оние кои не се досадуваат. Што е причината?

Здодевноста раѓа пороци, луѓето посегнуваат кон алкохолот, прекумерно пушење, дрога, излегување до доцните вечерни часови, неодмереност во оброците, интриги … Сето тоа е сериозен стрес.

Резултатите покажале  дека на  досадата се склони жените и помладите мажи. Експерти од одделот за епидемиологија и јавно здравство на Универзитетот во Лондон ги проучувале податоците на службеници на возраст меѓу 35 и 55 години.

Тогаш беше откриено дека на еден од десет вработени му било досадно на работа најмалку еден месец, а дека секоја втора жена се пожалила на истиот проблем.

Посетено 728 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!