5 факти за црните мачки кои сигурно не сте ги знаеле!

Неправедно обвинети, црните мачки со векови преживувале прогон и тортура. Меѓутоа, во многу земји светата црна мачка се смета за амајлија и се дарува како би донела среќа, пари, успех, сигурност. Овие се фактите за црните мачки кои сигурно не сте ги знаеле!

Црните мачки се најголеми жртви на предрасудите, иако е единствено по кое се разликуваат е само нивната боја на крзно.

Ова се некои од занимливостите поврзани со овие слатки мачиња:

1. Црните мачки се сметаат за најдобрите пријатели на морнарите

Мачите многу пати биле гледани на бродовите како фаќаат глувци, но морнарите воглавном преферирале црни мачки верувајќи дека носат среќа и дека ќе им биде осигурен безбедно враќање дома.

2. Сите црни мачки всушност се темно сини

На соодветно светло, нијансата на влакната на црните мачки варираат од црни како јаглен, сиво-црни до кафено-црни. Постојат 22 различни врсти на црни мачки, а една официјално призната е бомбајската раса чија пигментација на црните влакна е многу поголема кај мажите отколку кај жените. А високото ниво на меланин во пигментот ги предизвикува жолтите очи.

3. Египќаните ги обожавале како богови!

Старите Египќани исклучително ги ценеле црните мачки. Една од најпознатите фигури на црни мачки од тоа време е Бастет, позната како Мечешката божица. За сите црни мачки кои лутале низ градовите се сметале дека се реинкарнација на таа божица. Секој кој би нанел штета на црната мачка би бил казнет.

4. Имаат свој ден

Малку се знае дека на 17 август се прославува Светскиот ден на црните мачки. Овој ден е донесен како би се оддала почит кон овие преубави мачки за кои низ вековите многу сме им згрешиле благодарение на предрасудите и суеверинијата.

5. Се верува дека го одржуваат среќниот брак

Во Мидландс (Велика Британија) се верува дека црната мачка е поврзана со среќниот брак. Па црните мачки често се нацртани на поканите за свадба, картите за младоженци, како и на други украси поврзани со венчавката.

Посетено 469 пати