Ќе го следи ли Скопје примерот на Виена за доделување ваучери за кафе како помош на угостителите?

По двомесечниот прекин поради коронавирусот, угостителската индустрија во Австрија продолжува со работа од петок, поточно од 15 мај. Со цел да се стимулира новиот почеток на кафулињата, пабовите и рестораните, градот Виена ги „чести“ сите 950.000 домаќинства со ваучер за кафе од 25 или 50 евра (во зависност колку е големо домаќинството).

Градоначалникот Мајкл Лудвиг изјави:

„Иако оваа акција ќе го оптовари градскиот буџет за 40 милиони евра, ние можеме, ќе си го дозволиме тоа“. Кафетериите, пабовите, рестораните или терасите за пиво во текот на летото не се само дел од животниот стил на градот, туку тие се и економски важни за Виена. Нашата добро позната виенска гастрономска сцена опфаќа 6.500 бизниси, кои за возврат обезбедуваат околу 60.000 работни места во Виена и создаваат обрт од 1,4 милијарди евра “, рече Лудвиг.

„Угостителството е директно погодено од корона кризата покрај „заклучувањето“ на подолг рок, исто така и од отсуството на туристи. Посетете ги рестораните, потрошете го ваучерот и на тој начин помогнете му на културното богатство виенската гастрономија, која застана поради корона кризата“, апелираше шефот на Стопанската комора во Виена, Волтер Рак.

Тој ја гледа ваучерската кампања како „стимул за нов почеток“ за рестартирање на деловните активности погодени од кризата.

„Оваа кампањата „Виена гастро ваучер“ треба да се смета како додаток на понудата за поддршка за угостителството што ја објави федералната влада. Мора и самите како град да помогнеме. Обезбедуваме 40 милиони евра за оваа кампања. Вреди да се поддржат виенските угостители“, рече Градскиот советник за финансии Питер Ханке, од чиј буџет доаѓаат субвенциите.

Кај нас во Скопје, Мр. Џек меѓу првите започна со дезинфекција на кафиќот  и најви “Генератлка пред старт”

Им посакуваме успешна работа на нашите угостители…

Посетено 1.491 пати