Се обидов да ја отворам влезната врата со ЛАКТОТ. Не оди. Едно е да киваш во лакт, а друго е со него да отвораш тешка врата.

Бев во дуќан по храна. Дојдов дома, ги оставив торбите на маса, отидов до купатилото. Ги миев рацете 20 секунди со сапун и топла вода.

Во кујната извадив сè од торбите. Се сетив дека торбите беа на траката на касата каде милион луѓе ДОПИРА сè со рацете. Отидов до купатило и ги миев рацете 20 секунди со сапун и топла вода.

Во кујната го зедов паричникот од маса за да го однесам во соба. Го вртам и од него паѓаат ситни пари. Ги собирам и се сетив дека токму тие пари ги допрело милион луѓе. Отидов во купатило, ги миев рацете 20 секунди со сапун и топла вода.

Почнав да готвам. Го земав месото замотано во хартија. Ја фрлив хартијата во ѓубре. Се сетив дека месарот го замота месото во таа хартија со рацете на кои претходно им го замотал месото на уште милион луѓе. Отидов во купатило, ги миев рацете 20 секунди со топла вода и сапун.

Дојде малиот, има ли нешто за ручек. Нема, не стигнав. Сериозно? А што правеше? Миев раце, цел ден. Земи сендвич.

Ја земав јакната од наслонот на столицата да ја ставам во плакарот. Се сетив дека со таа јакна во поминување се допрев со милион луѓе. И ја допрев вратата. И кваката од вратата од дуќанот. Јакната ја запалив, отидов во купатилото и ги миев рацете 20 секунди со топла вода и сапун.

Срање. Се сетив дека јакната пред да ја запалам ми беше закачена за столицата. Столицата е рамна површина на која вирусот може да се задржи и до 7 дена. Ја земав столицата, ја ставив во када и ја туширав 20 минути шприцајќи ѝ доместос.

Се изнервирав, земам друга јакна и одам да се прошетам по сонце затоа што витаминот Д штити од вируси. Одам јас према лифтот, а не, не. Се сетив дека најмалку милион луѓе ја допреле таа врата од сабајле. Се спуштив по скалите лизјаќи се безгрижно со рачињата по гелендерот. Низ кој од сабајле се отлизгале најмалку милион раце. Срање.

Се обидов да ја отворам влезната врата со ЛАКТОТ. Не оди. Едно е да киваш во лакт, а друго е со него да отвораш тешка врата. Вратата која од сабајле ја отвориле милион луѓе. Сигурно не со лакт.

А не е ни лесно да кивате и да кашлате во лакт, кога сме веќе кај тоа. На интернет пишува „Кашлајте во лакт“, еве не ја вадам главата од лактот веќе месец дена, ама богами никако да се искашлам како човек, сите капилари ми испукаа од напор.

Нема врска, важно е да не го фаќате лицето со прстите. Истата секунда се почешав за носот. Затоа што сè што не смееш, мораш.

Се вратив дома, ѕвонам. Ве молам, Ви се јавувам во врска со вирусот. Ѓоспоѓо, сакате ли да ве споиме со епидемиолог?

Не, спојте ме со психијатар. Со лакт, по можност, благодарам!

Боба Ѓудерија

Посетено 21.692 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!